Сјаеви за усни

Filters
Done
  • 374.00 ден

    Иновативен проѕирен сјај – производ за усни, очи и лице. Го создава модерниот ефект „стаклена кожа“ – т.е. беспрекорна, оптички мазна и сјајна кожа како стаклен лист. Нежната, пријатна текстура не се лепи и лесно се нанесува. Мултифункционален производ кој создава природна свежа завршница со влажен ефект – можете да го нанесете директно на гола кожа или после шминкање. Навлажнувачката веганска формула содржи корисно масло од семки од кајсија кое ја омекнува и ја храни кожата. Во комбинација со витамин Е има антиоксидативно и заштитно дејство. Совршено е за фотосесија. Производот е достипен во 1 боја: CLEAR.

    Веган. ПЕТА.

    Погоден за чувствителна и иритирана кожа, како и за луѓе со чувствителни очи и контактни леќи. Дерматолошки и офталмолошки тестиран.

  • 350.00 ден

    Со егзотична арома на ананас и со ментол, кој дава нежно чувство на истегнување и има пријатен ефект на ладење. Проѕирната боја нежно ги истакнува усните, прекрасните блескави честички создаваат тродимензионален сјај како одраз на водена површина. Маслото од јојоба го штити епидермисот од губење на вода, ги омекнува и ги храни усните. Сончогледовото масло ги измазнува и ја подобрува нивната еластичност. Веганската формула е збогатена и со екстракт од лубеница и гуава, кои имаат антиоксидативно дејство и ја штитат кожата од штетните влијанија на околината. Удобниот апликатор обезбедува лесно и рамномерно нанесување на серумот. Производот е достикен во 1 боја HOLO GLOW.
    Веган. ПЕТА.
    Погоден за чувствителна и иритирана кожа. Дерматолошки тестирано.

  • 480.00 ден

    Регенерирачка желе-маска за усни, заштитува, регенерира и ги истакнува усните.

    Веганската маска има конзистентност налик на желе и создава прекрасно чувство на хидратација. Природно ја истакнува бојата на усните давајќи им поздрав изглед, а мирисот на лубеницата ги гали сетилата. Богатата регенерирачка формула со масло од рицинус, авокадо, кокос и јојоба го штити епидермисот од губење на влага, ги омекнува и храни усните. Витаминот Е и екстракт од лубеница имаат антиоксидативно дејство, ја зајакнуваат природната заштитна бариера на кожата и ја штитат од штетни надворешни влијанија. 100% веган. Во согласност со концептот CLEAN BEAUTY. PETA сертифициран. 90% од состојките се од природно потекло. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестиран производ.

    Начин на употреба: Нанесете ја маската на усните со помош на апликаторот.

  • 284.00 ден

    Сенки за очи во 10 уникатни нијанси, 7 мат и 3 бисерни нијанси. Веганска, кадифена формула која совршено се вклопува и обезбедува долготраен ефект на шминката. Сенките траат во текот на денот, не се ронат и не бледеат. Уникатните нијанси совршено ја надополнуваат дневната или вечерната шминка. Производот е достапен во 7 мат верзии и 3 бисерни нијанси. Производот е PETA сертифициран.
    Совет за користење:
    Мат сенките нанесете ги со мека четка, додека бисерни сенки со рамна поцврста четка или со прст.

  • 260.00 ден

    Навлажнувачки, вегански сјај за усни со интензивно завршница и пријатен мирис. Формулата содржи бисерни пигменти кои создаваат уникатна, повеќе димензионална површина на усните, а безбојнити елементи дава прекрасен винилен ефект. Кадифената и кремаста текстура која остава чувство на максимална удобност и оптичка измазнетост. Практичниот апликатор овозможува лесна и рамномерна примена. Производот е достапен во 10 бои кои се совршени за дневна и вечерна шминка. PETA сертифициран производ.

  • 377.00 ден

    Сјај за усни во нежни Nude нијанси. Дава сјај и волумен. Омекнува и храни. Овозможува пријатно чувство на меки усни. Со специјален апликатор за прецизна и лесна примена. Погоден за чувствителни и иритирани усни. Дерматолошки тестиран производ.

  • 316.00 ден

    Колекција на мат течни кармини дизајнирани во соработка со амбасадорката и заштитното лице на Bell HYPOAllergenic Marcelina Zawadzka (поранешна мис на Полска), која инспирирана од светските метрополи создаде сопствена линија на мат кармини од Bell HYPOAllergenic. Кармините се интензивно пигментирани со мат ефект, обезбедуваат долготрајно покритие без да ги суши усните, сето тоа во модерни бои кои ја истакнуваат природната убавина на усните. Колекцијата има 6 нијанси: 01 – Florence, 02 – Warsaw, 03 – Las Vegas, 04 – San Francisco, 05 – Berlin, 06 – Sydney.

  • 359.00 ден

    Bell HYPOAllergenic навлажнувачко и регенерирачко еликсир масло за усни со масло од коноп.

    Во оставот содржи масло од семе од коноп, јатки од кајсија и арганово масло кои хидрираат, ги храни, омекнува и измазнува усните. Има хидратантно и регенерирачко дејство.
    Лесната текстура не се држи до усните и создава пријатно чувство. Специјалниот апликатор со тркалање ги масира и омекнува усните.

    100% Веган. Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна и склона кон иритација на кожата.

  • 197.00 ден

    Кремаст сјај за усни со влажен ефект.
    Со една апликација добивате нежни усни со влажен ефект и заситената боја која визуелно ги зголемува и измазнува усните. Пријатната формула на Shiny’s up сјајот не се лепи и не се собира на аглите на усните. Содржи навлажнувачки шеа путер кој има пријатна арома на овошен јогурт. Достапен во шест бои.