Нега на усни

Filters
Done
  • 356.00 ден

    Нежна терапија за усни ја регенерира и заштитува нежната кожа на усните. Содржаниот екстракт од алое вера има хранлив и хидратантен ефект со долготраен ефект. Ги смирува испуканите и суви усни. Многу пријатен и удобен за употреба. Со нежен сладок вкус и без леплив ефект. Вегански производ во согласност со трендот за ЧИСТА УБАВИНА. 95% од состојките се од природно потекло. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестирано. Начин на употреба: се користи секогаш кога треба да ги навлажните (хидрирате) усните. Може да се користи и како основа за усни пред да нанесете кармин.

  • 253.00 ден

    Заштитен балсам за усни SPF 25
    Балсамот за усни од серијата VEGAN ги храни сувите и испукани усни и ги штити од штетните УВ зраци со заштитен фактор 25. Нежната мека формула ја нагласува нивната природна боја. Екстрактот од алое вера и кокосовото масло имаат хранлив и омекнувачки ефект, ја зголемуваат еластичноста на кожата. Содржиното масло од семки од кајсија, богато со витамини А и Е, и рицинусовото масло даваат сјај и мекост. Сончогледовото масло, извор на витамин Е и антиоксиданси, го зајакнува заштитниот слој на кожата и на тој начин ја штити од штетните влијанија на околината. Регенераторот е погоден за сите сезони.
    Вегански производ во согласност со трендот Clean Beauty. ПЕТА сертифициран. Дерматолошки тестирано. Исто така погоден за чувствителна кожа склона на иритација.
    Начин на употреба: нанесете го балсамот на усните секогаш кога ви треба заштита и хидратација.

  • 317.00 ден

    Шеќерен пилинг од серијата VEGAN нежно ги отстранува мртвите клетки од усните и ги измазнува. Хранливата формула ги штити од сушење и губење на хидратација. Кокосовото масло кое го содржи омекнува и ја зголемува еластичноста. Маслото од семки од кајсија, богато со витамини А и Е, и рицинусовото масло даваат сјај и мекост на усните. Пријатната овошна арома го претвора пилингот во неодолив ритуал со ефект на измазнување и омекнување.
    Вегански производ во согласност со трендот Clean Beauty. ПЕТА сертифициран. Дерматолошки тестирано. Исто така погоден за чувствителна кожа склона на иритација.
    Начин на употреба: нанесете мала количина на усните и масирајте додека не се стопат шеќерот.

  • 480.00 ден

    Регенерирачка желе-маска за усни, заштитува, регенерира и ги истакнува усните.

    Веганската маска има конзистентност налик на желе и создава прекрасно чувство на хидратација. Природно ја истакнува бојата на усните давајќи им поздрав изглед, а мирисот на лубеницата ги гали сетилата. Богатата регенерирачка формула со масло од рицинус, авокадо, кокос и јојоба го штити епидермисот од губење на влага, ги омекнува и храни усните. Витаминот Е и екстракт од лубеница имаат антиоксидативно дејство, ја зајакнуваат природната заштитна бариера на кожата и ја штитат од штетни надворешни влијанија. 100% веган. Во согласност со концептот CLEAN BEAUTY. PETA сертифициран. 90% од состојките се од природно потекло. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестиран производ.

    Начин на употреба: Нанесете ја маската на усните со помош на апликаторот.

  • 237.00 ден

    Балсам за усни со алое вера и заштинен фактор SPF 25 од серијата „HypoAllergenic Aloe“.
    Балсамот ја храни нежната кожа на усните. Неговата хипоалергична формула е збогатена со алое вера, која интензивно ја навлажнува, правејќи ја мека и еластична. Балсамот има и кокосово масло кое има хидратантно и хранливо дејство. Содржи и маслото од семки од кајсија, богато со витамин А и витамин Е, кои имаат антиоксидантни и навлажнувачки својства.
    Балсамот има заштитен фактор SPF 25, кој ја штити кожата од штетното влијание на УВ зраците. Погоден е за употреба во сите сезони. Лесно се нанесува и остава нежна розова боја на усните. Формулата е веганска и содржи 89% состојки од природно потекло *. Дерматолошки е тестирана и не содржи микропластика.

  • 359.00 ден

    Bell HYPOAllergenic навлажнувачко и регенерирачко еликсир масло за усни со масло од коноп.

    Во оставот содржи масло од семе од коноп, јатки од кајсија и арганово масло кои хидрираат, ги храни, омекнува и измазнува усните. Има хидратантно и регенерирачко дејство.
    Лесната текстура не се држи до усните и создава пријатно чувство. Специјалниот апликатор со тркалање ги масира и омекнува усните.

    100% Веган. Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна и склона кон иритација на кожата.

  • 195.00 ден

    Балсам за усни кој во својот состав вклучува органско масло од коноп и кој делува смирувачи на кожата под стрес, ги омекнува и негува усните.
    Нежните природни состојки ги одржуваат усните влажни, додека шеа путерот природно ги штити усните од сушење.