Палетата содржи 8 високо заситени нијанси на сенки кои можат да се нанесат поединечно или да се комбинираат две или повеќе нијанси за да се постигнат безброј неверојатни изгледи – од обични секојдневни до зашеметувачки модерни визии. Мат сенките обезбедуваат длабочина, а сјајните даваат неверојатен блескав ефект. Сенките за време на апликацијата не се распаѓаат. За поинтензивна заситена боја, ставете од метални нијанси со влажен апликатор. Овозможуваат долготраен вид кој трае со часови. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погодни за луѓе со чувствителни очи и кои носат контактни леќи. Достапно во 2 бои.
Молив за очи за прецизно нанесување и исцртување на очниот капак, особено погоден за чувствителни очи, луѓе кои носат очила и контактни леќи. Има долготраен ефект, без дамки и несакани траги и отпечатоци на очните капаци. Нежната формула овозможува лесно и рамномерно цртање на прецизна линија. Погоден и за горните и за долните очни капаци. Достапно во 6 бои. Автоматско моливче за кое не е потребно острење. Дерматолошки и офталмолошки тестирано.
Добијте привлечен природен свеж тен. Hypoallergenic Fresh руменило има осветлувачко дејство и нежно ги нагласува јаболчниците, давајќи им нежен сјај. Уникатната формула за оптичко мазнење ги крие сувите области и има долготраен ефект. Достапна во 2 нијанси – златна праска и ледена роза, нивната комбинација е идеална за ефектот “драпинг”. Погоден за луѓе со чувствителна кожа, склони кон иритација. Дерматолошки тестиран производ.
Влезете во четвртата димензија со луксузната маскара на Bell Royal MAXXX 4D за максимален волумен!
Специјалната четка има влакненца со различен обем и големина кои создаваат разновиден ефект – волумен, должина, совршено ги одделуваат трепките, ги штитат од лепење! Специјални полимери во формулата ги подигнуваат и извиваат трепки. Постигнувате максимален 4Д ефект! Од секој агол на окото! Ова не е сè! Формулата, која содржи ориз, пчелин восок и восок од карнауба, како и маслиново масло, ги храни трепките кои се истенчени и оштетени од секојдневното користење на маскари. Витамин Е и провитамин Б5 имаат лековито дејство и стимулираат побрзо закрепнување. Алое вера ги обновува, храни и заштитува трепките од кинење и истенчување.
Долготрајната формула прави да не се распаѓа и размачкува маскарата и ви овозможува да уживате во волуменозните трепки и совршениот вид подолго отколку кога користите обична маскара.