Тврда гума која ги отстранува-брише тешко отстранливите дамките од чевли и др. изработки од велур кожа.
Дамката прво се брише со гумата за бришење, а потоа местото се третира со четка за велур на Саламандер.
Функција: Висококвалитетна крем боја за чевли и производи од мазна кожа. Погоден за сите видови мазна кожа. Ја обновува бојата, ја храни, заштитува, ја одржува кожата мека и еластична, дава сјај, има водоотпорни својства. Примена: Кремот се нанесува рамномерно, се остава да се исуши и полира. Сунѓерот за нанесување може да се исчисти или замени.
Функција: Средство за обновување на бојата на кожата. Продира длабоко во кожата и ја освежува бојата. Високо квалитетни состојки ја штитат и ја хранат кожата. За производи од мазна кожа. Има својства на отфрлање на вода. Не се користи за велур. Држете го спрејот исправено, прскајте од растојание од околу 20 см на чиста и сува површина. Пред употреба, покријте го ѓонот од чевелот (ако нее црна боја) и внатрешноста на чевлите. Бидете внимателни, производот да не падне врз околните предмети. Достапен само во црна боја.