Salamander Perfect – мека полувлошка изработена од пријатна за кожата вискоза поставена врз висококвалитетна чиста латекс пена. Обезбедува поддршка на предниот дел на стапалото и го заштитува од набивање. Перфект полувлошките се особено погодни за чевли со високи потпетици, како и за попoлнување на меѓу број. Големини 33/34, 35/36, 37/38, 39/40, 41/42.
Средство-маст за импрегнација т.е заштита од влага и општо одржување на спортски, обувки за пешачење, работни обувки и др. обувки изработени од мазна кожа.
Безбојна. Нанесете рамномерно на чиста и сува површина, оставете да се апсорбира и полира.
Salamander Comfort Solette – кожна анатомска влошка, обезбедува добро вклопување на стопалото во чевелот и потпора на целата нога.
Функција: Го намалува и отстранува оптоварувањето на лигаментите и другите врски на стопалото при одење. Особено е пријатна влошката кога одите на тврда подлога или кога стоите подолго време. Погодна за профилакса и намалување на дискомфортот во случај на рамни стапала или стапала со рамен попречен свод. Горната страна на влошката е лесно нарамна (благ релеф) која има ефект на масирање и делува освежувачки на уморни нозе. Супинаторот има широка форма и е особено погоден за долги прошетки. Големини 36 до 46 број.