Висококвалитетна боја за сите видови велур и нубук (груб велур). Ја освежува бојата и ја храни кожата. Погоден за сите видови кожа од велур и нубук (груб велур), може да се користи и на текстил. Спрејот се држи вертикално, се прска рамномерно од растојание од околу 20 см, на исчистената и сува површина. Пред користење задолжително заштитете ги ѓонот и др. делови од чевелот кои се во друга боја од спрејот, за да не дојде до обојување во друга боја. Спрејот користете го периодично.
Salamander Comfort Plus – удобност и самодоверба за стапалото.
Функција: кожна влошка во анатомски облик, дава стабилност и силна поддршка на целото стапало. Го намалува товарот на зглобовите и лигаментите, има корисен ефект при одење по тврди површини или кога стоите подолго време. Меките перничиња во областа на петиците и средниот дел на стапалото го намалуваат товарот и имаат профилактички ефект, истовремено намалувајќи го чувството на болка во стапалата со рамен попречен лак. Горната страна е изработена од висококвалитетна природна кожа која е растително шавена. Долниот слој е направен од латекс пена. Активниот јаглен ја апсорбира влагата и ефикасно ги спречува непријатаните мирисите. Големина 36 до 45 број.
Формо-држачи за машки чевли изработени од квалитетно дабово дрво.
Функција: задржување на правилната формата на чевлите, дрвото ја впива влагата во чевлите.
Salamander Perfect – мека полувлошка изработена од пријатна за кожата вискоза поставена врз висококвалитетна чиста латекс пена. Обезбедува поддршка на предниот дел на стапалото и го заштитува од набивање. Перфект полувлошките се особено погодни за чевли со високи потпетици, како и за попoлнување на меѓу број. Големини 33/34, 35/36, 37/38, 39/40, 41/42.