Формо-држачи за машки чевли изработени од квалитетно дабово дрво.
Функција: задржување на правилната формата на чевлите, дрвото ја впива влагата во чевлите.
Средство-маст за импрегнација т.е заштита од влага и општо одржување на спортски, обувки за пешачење, работни обувки и др. обувки изработени од мазна кожа.
Безбојна. Нанесете рамномерно на чиста и сува површина, оставете да се апсорбира и полира.
Висококвалитетна боја за сите видови велур и нубук (груб велур). Ја освежува бојата и ја храни кожата. Погоден за сите видови кожа од велур и нубук (груб велур), може да се користи и на текстил. Спрејот се држи вертикално, се прска рамномерно од растојание од околу 20 см, на исчистената и сува површина. Пред користење задолжително заштитете ги ѓонот и др. делови од чевелот кои се во друга боја од спрејот, за да не дојде до обојување во друга боја. Спрејот користете го периодично.
Висококвалитетен производ балсам со алое вера за чистење и одржување на сите видови мазна кожа. Ефикасно чисти, подхранува и ги одржува сите изработки од мазна кожа: чевли, облека, мебел, чанти, автомобилски седишта и многу повеќе. Балсамот се нанесува со чиста и мека крпа на кожниот производ, се остава да се исуши и полира.