Tom Tailor UNIFIED Eau de Parfum за жени е дел од семејството на цветни овошни мириси. Во горната нота, овошните мириси на калинка и мандарина се комбинирани со ледена касина и остар бергамот. Топлиот мирис на цветот од кајсија му дава цветна топлина на отворот. Во средните ноти продолжуваат цветните елементи на мешавина од егзотични цветови од магнолија и лотос. Благородниот божур го заокружува целиот состав на мирис. Во основната нота, слатките дрвени акорди од кедар се комбинирани со килибар. Сензуалниот османтус ја заокружува основната нота и додава женствен карактер на овој мирис. Мирисот Tom Tailor UNIFIED е вистинскиот избор кога сакате да ја истакнете женственоста.
Новите мириси на Tom Taylor By The Sea се инспирирани од сензуално искуство еден ден на море.
Мирис за мажи кои го сакаат морето и бараат слобода – како безгрижен ден покрај море.
Со јачина, виталност и оригиналност на водата, овој машки мирис на Tom Tailor има динамичен состав на свежи и водени нијанси. Ноти на мирисот:
Врвната нота: остра и зачинета комбинација на сол и мента.
Средни срцеви ноти: љубичица, здравец и гајак дрво.
Основни ноти: сандалово дрво, грав тонка, мошус.
Женски парфем Tom Tailor Be Mindful Woman EDT (Eau de Toilette) е претскажувач на пролетта и доброто расположение. Женсвен мирис кој започнува со “рафални” ноти од сок на портокал и мандарина, кои се многу интензивни и освежувачки. Срцевите, средни ноти на мирисот се комбинација од момина солза и кадифени праски, а основните ноти се должат на мошусот и кремаста ванила. Така цветно-овошниот мирис потсетува на првите зраци на сонцето.
Машкиот парфемот Exclusive Man на Tom teilor EDT (Eau de Toilette), со својата цитрус-пикантна арома, е совршен за жешки летни денови и вечери. Создава елементи кои одразуваат елеганција, сензуалност и модерност. Тоа е дел од линијата создадена за најблиските и моментите споделени со нив. Одењето боси на плажа, разговорите и чекање на изгрејсонцето – ова се малите работи кои стануваат незаборавни моменти. „Ексклузивните“ мириси се инспирирани од овие моменти и ја отелотворуваат интимната врска помеѓу „тој“ и „неа“.
TOM TAILOR TRUE VALUES FOR HER е женски парфем кој го слави цветот на портокалот и неговото блескаво расположение. Почетното отварање на мирисот е сончево, кој води до бели цветни ноти засладени со нектарини. Основата на мирисот дава топол и кремаст ефект.
Мирисни ноти:
Горни ноти: цвет од портокал
Средни (срцеви) ноти: цвет од портокал, крин, магнолија, нектарина
Основни ноти: сандалово дрво, мошус, килибар