Висококвалитетна боја за сите видови велур и нубук (груб велур). Ја освежува бојата и ја храни кожата. Погоден за сите видови кожа од велур и нубук (груб велур), може да се користи и на текстил. Спрејот се држи вертикално, се прска рамномерно од растојание од околу 20 см, на исчистената и сува површина. Пред користење задолжително заштитете ги ѓонот и др. делови од чевелот кои се во друга боја од спрејот, за да не дојде до обојување во друга боја. Спрејот користете го периодично.
Salamander четка за велур и нубук (груб велур) со тројна функција: чисти, разресува, го враќа првобитниот изглед на велур кожата.
Се препорачува да се користи ваква четка на Salamander секогаш пред нанесување на боја за велур.