Пудри за лице

Филтрирај
Done
  • 454.00 ден

    Бронзени капки со кои можете да ја затемните секоја течна пудра и коректор без да влијаете на нејзината издржливост и покривност. Ефектот на затемнување може лесно да се дозира до посакуваниот степен, благодарение на практичното пакување. Веганска формула со сончогледово масло и корисни екстракти од лубеница, калинка и личи. 100% Веган. Во согласност со концептот CLEAN BEAUTY. PETA сертифициран. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестиран производ. Начин на употреба: Додадете неколку капки во течната пудра пред да ја нанесете, добро измешајте додека не го постигнете посакуваниот степен на потемнување и совршена нијанса.

  • 233.00 ден

    Корегирачка течна пудра со кремаста формула, лесна е за примена и совршено ги крие недостатоците на лицето. Делува измазнувачки на лицето и обезбедува кадифено нежен тен.
    Совршено се матира, и така го елиминира непријатниот сјај на лицето. Има долготраен ефект. Навлажнувачката формула создава природен здрав изглед без ефект на маска.

  • 523.00 ден

    BB крем со алое вера и хипоалергична формула. Обезбедува нега на кожата и го изедначува тенот, деликатно прикривајќи ги несовршеностите и знаците на замор. Збогатен е со сок од лист од алое вера, кој ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Има антиинфламаторни, подмладувачки, хидратантни и хранливи својства. ББ кремот има заштитен фактор SPF 15, кој ја штити кожата од штетните ефекти на УВ зраците, предизвикувајќи предвремено стареење и пигментни дамки. Кремастата текстура лесно се нанесува на кожата и се спојува со неа. Изгледот на кожата станува мек, еластичен, свеж и  природен. Формулата е веганска и содржи 83% состојки од природно потекло*. Дерматолошки е тестирана и не содржи микропластика. * Потеклото на состојките го гарантира производителот.
    Се предлага во 4 нијанси: 01 Cream,  02 Vanilla,  03 Natural и 04 Honey.

  • 485.00 ден

    Камена пудра на Bell од серијата “HypoAllergenic Aloe” ја фиксира шминката и ја матира кожата. Во исто време и обезбедува хидратантна нега. Хипоалергичната формула е збогатена со сок од лист од алое вера, кој има антивоспалителни, антибактериски, подмладувачки, хидратантни и хранливи својства. Ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Заштитниот фактор SPF 15 го штити од штетното влијание на УВ зраците, предизвикувајќи предвремено стареење и пигментни дамки. Компактната пудра лесно се нанесува на кожата и е погодна за употреба во движење. Формулата е веганска и содржи 86% состојки од природно потекло *. Дерматолошки е тестиран и не содржи микропластика.
    Се предлага во 4 нијанси: 01 Cream, 02 Vanill, 03 Natural и 04 Honey.

  • -11% Попуст
    560.00 ден

    Течна пудра кој обезбедува силно покритие и има импресивна издржливост. Лесната формула оптички ги измазнува малите брчки без да ги исуши. Погодна за сите типови на кожа.
    Богата со минерали на морска вода и екстракт од семе од тиква, кои имаат смирувачки ефект и ја прават идеална за секојдневно шминкање.
    Пре употреба протресете убаво и нанесете неколку капки на лицето. Нанесете нежно со прстите или со четка или тампон. Тенкиот слој обезбедува густа рамномерна покриеност.
    Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа, склона на иритација и воспаление.

  • -10% Попуст
    505.00 ден

    За свеж и опуштен изглед. Содржи скроб од тапиока (вид на житарка) кој обезбедува долготраен мат ефект. Оптички ја измазнува кожата, ги намалува порите и ги брише фините линии. Заситените пигменти собрани од маслото од јојоба имаат хидратантно дејство и овозможуваат лесна апликација. Кремастата формула совршено се прилагодува на кожата и создава прекрасен природен тен. Погодно за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.

  • -9% Попуст
    499.00 ден

    Хипоалергична основа со алое, киноа и екстракт од бел чај

    • Чиста формула за убавина.
    • мин. 90% природен состав.
    • Активни состојки: екстракт од киноа, алое и бел чај.
    • Ја хидрира, храни и подмладува кожата.
    • Не се собира во набори, пори и брчки.
    • Го измазнува и осветлува тенот.

    100% Веган. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склони кон алергии. Дерматолошки тестиран производ.

  • -9% Попуст
    710.00 ден

    Иновативна разубавувачка и хидратантна течна пудра која има природен ефект на вашата кожа. Нејзината лесна формула не дозволува да бидат истакнати брчките или сувите точки. По потреба можете да ја прилагодите покриеноста. Неговата долготрајна формула е збогатена со SPF 15 кој го штити лицето од штетните ефекти на сончевата светлина. Вегански производ. Погоден за луѓе со чувствителна и/или кожа склона на иритација. Тестирано под надзор на дерматолог.
    Достапно во 4 нијанси.

  • 462.00 ден

    Базата се нанесува пред шминкање и нанесување на течна пудра. Значително ја продолжува издржливост и траењето на течната пудра и го олеснува нејзиното рамномерното нанесување.
    Хидрира и ги измазнува фините брчки. Има мат ефект и дава свиленкаст нежен и мек изглед на лицето.

  • 784.00 ден

    Хидратантна и негувачка хипоалергичната течна пудра со интензивно покривање.
    Оваа течна пудра содржи природен бетаин и екстракт од семе од коноп кои обезбедуваат хидратација што и е потребна на вашата кожа и ја зајакнуваат еластичноста на вашето лице.
    Нејзината формула е лесна и кремаста а самото паковање е со пумпица која овозможува прецизно дозирање за да се добие потребната покриеност. Формулата е збогатена со витамини, минерали и антиоксиданси.

    Содржи и меланин кој ја штити кожата од штетните ефекти на сината светлина што ја емитираат екраните на телефоните или компјутерите.
    Исто така оваа пудра го изедначува тенот на кожата и ги покрива недостатоците без да се осеќа затегнатост лицето. Спречува стареење на кожата.
    Природниот бетаин има навлажнувачки ефект, што ја прави кожата да изгледа свиленкаста мазна. Вегански производ, тестиран под надзор на дерматолог. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација. Достапна во 4 нијанси: 01-light beige, 02-beige, 03-sand, 04-natural ton.

  • -7% Попуст
    385.00 ден

    Транспарентен филер, кој има оптички ефект на прикривање и ги прави невидливи суптилните брчки и недостатоци на лицето. Содржи микронски честици на талк, кој овозможува лесно нанесување на пудрата. Видливо ја измазнува кожата и ја прави свиленкасто мека на допир. Го апсорбира вишокот на себум од кожата, има мат ефект без “маска ефект” лицето.

  • -20% Попуст
    370.00 ден

    Комплет од две неутрални нијанси за контурирање. Темната боја го прави лицето видливо послабо, додека светлата го отвара. Мат нијансата ја изедначува контурата без додавање на непотребен сјај. Двете бои се комбинираат совршено и можат да се мешаат со други производи. Создава рамномерна покриеност. Содржаниот пантенол дава чувство на удобност дури и на сувата кожа.

  • -10% Попуст
    299.00 ден

    Фиксирачка пудра во прав погодна за сите типови и нијанси на кожа. Ја продолжува издржливоста на шминката и има измазнувчки ефект. Создава тенок невидлив слој-филм, кој не ја менува бојата на веќе нанесената шминка и затоа совршено може да се комбинира со сите производи за шминкање на лицето, пудри течни или камени, коректори, хајлајтери, руменило и др. Со користење на овој производ гарантирано се зголемува издржливоста на тие производи за шминкање на лицето.

  • 284.00 ден

    Пудрата за разубавување на лицето BELL Ultra Blurring Powder се користи како финиш пудра да ја намалува видливоста на порите и брчките и обезбедува порамномерен тен со ефект на Фотошоп. Нејзината удобна и деликатна структура ја прави пудрата незабележителна на вашето лице а кожата е совршено мазна. Универзалната нијанса во боја на праска ја прави кожата сјајна. Погодна за сите типови на кожа.

  • 293.00 ден

    Бронзена пудра со нежна сатенска формула. Обезбедува универзалната бронзена нијанса и оптималната покриеност, идеална како за лица со светол тен, така и за исончано лице.
    Не се напластува на кожата и обезбедува нежен сончев изглед на вашето лице. Совршено се прилагодува на кожата, на течна пудра и другите производи за шминка на лицето.

  • 284.00 ден

    Пудра за контурирање во една универзална нијанса, која одговара за сите типови на кожа кога станува збор за неговиот тен. Кога се применува правилно, таа го прави вашето лице да изгледа потенко. Неговата кремаста формула ја олеснува апликацијата и спречува боење. Пудрата совршено се меша со кожата и не избледува во тек на целиот ден.