Компактна палета на сенки за различни ефекти и модерен изглед. Содржи 10 модерни нијанси на сенки за неодолив изглед. Сенките се високо пигментирани, што ги прави лесни за нанесување и мешање.
Корегирачка течна пудра со кремаста формула, лесна е за примена и совршено ги крие недостатоците на лицето. Делува измазнувачки на лицето и обезбедува кадифено нежен тен.
Совршено се матира, и така го елиминира непријатниот сјај на лицето. Има долготраен ефект. Навлажнувачката формула создава природен здрав изглед без ефект на маска.
Палетата содржи 8 високо заситени нијанси на сенки кои можат да се нанесат поединечно или да се комбинираат две или повеќе нијанси за да се постигнат безброј неверојатни изгледи – од обични секојдневни до зашеметувачки модерни визии. Мат сенките обезбедуваат длабочина, а сјајните даваат неверојатен блескав ефект. Сенките за време на апликацијата не се распаѓаат. За поинтензивна заситена боја, ставете од метални нијанси со влажен апликатор. Овозможуваат долготраен вид кој трае со часови. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погодни за луѓе со чувствителни очи и кои носат контактни леќи. Достапно во 2 бои.
Моливче богато со боја и ултра-тенoк врв прецизно ги оцртува веѓите и видливо ги згуснува. Меката и нежна текстура овозможува лесно да се нанесува. Автоматско моливче за кое не е потребно острење.
Дерматолошки тестирано. Погоден за чувствителни очи и кожа, како и за луѓе склони кон алергии.