За нас    Контакт    |     тел.: 02 246 41 41

Нова линија на Bell HYPOAllergenic ALOE

Растението Алое вера се состои од 99% вода, а во исто време содржи и околу 300 хемиски соединенија, кои имаат корисен ефект врз нашето здравје и убавина. Затоа не е изненадување фактот, дека екстрактот од лист на алое е основната активна состојка на новата линија на Bell HYPOAllergenic ALOE. Линијата вклучува 6 производи: BB крем за лице, камена пудра, течен коректор, балсам за усни, регенерирачки серум за усни и серум за трепки и веѓи. Општи карактеристики на сите производи од оваа линија на Bell HYPOAllergenic ALOE се:

  • Екстракт од листот на Алое Вера е основна активна состојка на сите производи
  • Имаат навлажнувачки ефект
  • Имаат минерална заштита од сонце – SPF фактор
  • Сите производи се 100% веган
  • Без микропластика
  • Во составот >80% од состојките се природни