alkmene MY Tea Tree Гел за миење 150мл
449.00 ден
Високо ефикасна формула за длабинско чистење на порите со уникатна комбинација од масло од чајно дрво и цинк ПК, која докажано ги намалува мозолчињата и митесерите.
Ефикасно ја чисти кожата од нечистотија, вишок маснотии и шминка, без да ја суши. За чист, суптилен тен во длабочина.
Дерматолошки тестиран производ. Не ги затнува порите.
Начин на употреба: Нанесете и масирајте со нежни движења на влажна кожа. Исплакнете.
Забелешка: Природното масло од чајно дрво може да го замати производот – тоа не влијае на квалитетот.
Поврзани продукти
-
245.00 ден
Сертифицирана Лист маска против брчки со Арган и Амарант.
Без сомнение лист – маските се мегахит! Тие се погодни кога сте на пат, лесни за употреба и брзо дејствување.
Ултра-тенкиот неткаен лист целулоза е импрегниран со природен состав на активни состојки, како што се органски екстракт од арган, екстракт од семе од амарант и вредна хијалуронска киселина.
Се става директно на лицето неколку минути за да обезбеди ефективна богата нега на кожата. Листот совршено се вклопува во формата на лицето и е 100% биоразградлив.
Дејство:
• Ги намалува линиите и брчките
• Ја зголемува еластичноста и ја затегнува кожата
• Го подобрува процесот на природна регенерација
• Ги брише надворешните знаци на предвремено стареење
• За свеж, сјаен и рамномерен тен.Начин на употреба:
Нанесете ја маската веднаш по миењето на лицето и нежно притиснете. Отстранете го заштитниот слој и прилагодете ги контурите.
Потпрете се и опуштете се. Оставете да делува 15 минути. Отстранете ја маската. Остатоците може нежно да ги истриете во кожата.
Наш совет:
Во лето, ставете ја маската во фрижидер пред употреба, така што ќе обезбеди интензивна нега со свеж ефект на ладење.
-
306.00 ден
Обезбедете дополнителна доза нега на лицето со БИО:VÉGANE Био Асаи лист маска.
· Ја матира мрсната кожа
· Видливо ја измазнува структурата на кожата
· Создава свеж изглед
· Овозможува интензивна хидратација
· Со акција на балансирањеНеткаен целулозен лист е натопен со вреден состав на екстракт од суперхрана – органски акаи и специјално развиен комплекс за матирање. Вредните состојки се апсорбираат директно во кожата и имаат непосреден ефект за само неколку минути. Ја зачувува хидратацијата на кожата, го регулира вишокот на себум во Т-зоната и ги храни сувите области. Со редовна употреба ја измазнува структурата на кожата и ги намалува порите. Органската маска од лисја акаи обезбедува рамномерен и витализиран свеж изглед.
Наш совет: Во текот на летото, ставете ја маската во фрижидер пред употреба, така ќе обезбедите интензивна нега со свеж ефект на ладење!
Начин на користење:
1. Ставете ја маската на чиста кожа и нежно притиснете. Извадете го заштитниот филм и прилагодете ја маската по контурите на лицето.
2. Потпрете се и опуштете се! Оставете ја маската да делува 15 минути.
3. Отстранете ја маската. Остатоците од маската нежно втријте ги во кожата со памучен тампон -
693.00 ден
Дневна крема за лице од лубеница и моринга за комбинирана кожа.
Функција:
• Заштитува од сина светлина, УВ и инфрацрвено зрачење
• Ја навлажнува и заштитува кожата од дехидрираност
• Го намалува формирањето на слободни радикали
• Заштитува од загадување од урбаната срединаЛето, сонце, плажа и сончање – убава работа :)! Но, треба да ја заштитиме кожата не само од УВ зраци. Зрачењето од сината светлина, како и штетните влијанија на надворешната околината се дополнителен стрес за нашата кожа и може да доведе до иритација, сушење и предвремено стареење.
Заштитниот навлажнувачки крем за лице од 24 часа е особено погоден за сува комбинирана кожа. Ја штити кожата деноноќно од предвремено стареење предизвикано од сина светлина, УВА и инфрацрвено зрачење,
штетните ефекти на животната средина и слободните радикали. Кожата е оптимално навлажнета и маснотијата на Т-зоната е избалансирана.Dr.Scheller е единствената марка природна козметика која користи комплекс PhytoSolve® од масло од семе од лубеница, масло од семе од моринга и екстракт од бел ѓумбир – содржи микрокапсули кои пренесуваат чисти природни состојки длабоко во кожата. Маслото од семе од лубеница и екстрактот од бел ѓумбир делуваат однадвор. Другата главна активна состојка – маслото од моринга, продира капсулирано во кожата преку технологијата PhytoSolve® и делува одвнатре према надвор
*регистрирана трговска марка на Lipoid.
Начин на употреба:
Нанесете ја кремата наутро и навечер на исчистено лице со лесни масирачки движења. -
Out of Stock
781.00 денИнтензивна и регенерирачка дневна крема за лице со магарешки трн и чиа на Dr.Scheller за многу сува кожа.
• Го поддржува процесот на природна регенерација
• Ја смирува кожата
• Го обновува липидниот слој на кожата
• Ја измазнува сувата кожа
Смирувачка нега: Богатата крема го подобрува и поддржува природниот процес на регенерација во текот на денот. Го зајакнува липидниот баланс на кожата, ја зголемува еластичноста на кожата и го елиминира непријатното чувство на сува кожа. Ја обновува и балансира кожата во текот на денот.
Dr.Scheller е единствената марка природна козметика која го користи комплексот PhytoSolve®* од лецитин од соја и други корисни состојки во форма на микрокапсули кои пренесуваат чисти природни состојки длабоко во кожата. Маслото од магарешки трн делува од надвор кон внатре. Другата главна активна состојка со висок квалитет, чиа екстрактот се капсулира во кожата преку технологијата PhytoSolve® и делува одвнатре према надвор.
*регистрирана трговска марка на Lipoid
Начин на употреба: Нанесете навечер на чиста кожа и нежно масирајте со лесни движења.
![](https://www.dekorativaklasik.mk/wp-content/uploads/2023/12/facialwash_1500x1500px_ET_EXP-150x150.jpg)