WOLY

Филтрирај
Done
  • -20% Попуст
    216.00 ден

    Woly Ideal полувлошка против лизгање на стопалото во чевелот. Функција: Дополнителна удобност во модерните чевли. Погоден за чевли со високи потпетици. Спречува лизгање на стапалото напред. Овозможува дополнително стабилност во чевелот. За поголема удобност во чевли со високи потпетици. Повеќе слоеви: (1) кожа (растително штавена), (2) пеноматеријал од латекс, (3) самолеплив слој. Саполеплива, се лепи со пошироката заоблена страна нанапред во чевелот. Универзален број.

  • 167.00 ден

    WOLY Perfect Gel е гел за одржување и чистење на сите видови мазна. Гелот ја чисти и ја храни кожата и гарантира дека кожата го задржува својот оригинален карактер.
    Гелот има неутрална боја, не свети, и дава мат изглед на кожата и затоа е исклучително погоден за мазни кожи.

  • Нема залиха
    290.00 ден

    Спреј со уникатната, високо ефективна формула која одбива влага и дожд, како и снег и кал. Без хемикалии PFOA/PFOS. Woly Protector Spray е една од најпродаваните продукти на Woly, благодарение на неговата лесна примена и неверојатни резултати. Се користи за сите типови кожа, текстил и синтетички материјали.
    Не одговара да се користи на лакирана кожа и метал.
    Користење: Спрејот секогаш користете го на отворени и добро проветрени места! Пред употреба спрејот треба убаво да се протресе, Површината на која ќе се користи треба да е чиста и сува, за таа цел со четка или крпа отстранете ја нечистотијата (прашина, кал), потоа прскајте рамномерно од растојание од 20см. Почекајте да исуши 15 минути, пред изложување на вода. Постапката по потреба може да се повтори, кога изложеноста на вода е поголема.

    [embed]https://www.youtube.com/watch?v=qm31Pkn5b1c[/embed]
  • 192.00 ден

    Крем за корегирање на мали оштетувања (гребаници) на чевли и други изработки од мазна кожа (чанти, мебел). Мали оштетувања како гребнатини на кожните чевли се случуваат во секојдневно, со кремот за корекција на WOLY ги отстранувате без да оставите траги од нив. После нансувањето на кремот оставете да исуши, по потреба можете да нанесе повторно, кога оштетувањето е поголемо. Потоа исполирајте со мека крпа за полирање на мазна кожа.

  • -10% Попуст
    235.00 ден

    Квалитетна крем боја за чевли од мазна кожа, со апликатор сунѓерче. Ја обновува бојата на чевлите, дава сјај и ја негува кожата. Се нанесува со апликатор сунѓерчето, се остава 10-15мин. да се исуши и потоа се полира со мека крпа за полирање. Гарантирано го зголемува векот на траење на чевлите.

  • 167.00 ден

    Квалитетна крем боја за чевли од мазна кожа. Ја обновува бојата на чевлите, дава сјај и ја негува кожата. Се нанесува со кружна четка за нанесување боја на Саламандер или со мека крпа за полирање.
    По нанесување, се остава 10-15мин. да се исуши и потоа се полира со мека крпа за полирање. Гарантирано го зголемува векот на траење на чевлите.

    [embed]https://www.youtube.com/watch?v=92tFBzIlpD4[/embed]
  • -11% Попуст
    141.00 ден

    Мека миризлива влошка за сите сезони. Двослојна влошка: горениот слој е изработен од вискоза и е со зелана боја, а долниот од двослоен пропустив материјал кој овозможува добра циркулација (вентилација) во чевлите.
    Во чевелот се поставува со вискозниот материјал со зелена бојас нагоре. Достапна во голермини 36 до 45.

  • 218.00 ден

    Специјална гума со тврда конзистенција, за чистење на сите видови на кожа и текстил и комбинации на материјали и бои. Ги отстранува и најтврдокорните дамки од површината на изработки од кожа и текстил (чевли, чанти, мебел, облека и др.). Посебно е ефикасна за чистење на дамки на велур кожа.