Лице

Filters
Done
  • 233.00 ден

    Корегирачка течна пудра со кремаста формула, лесна е за примена и совршено ги крие недостатоците на лицето. Делува измазнувачки на лицето и обезбедува кадифено нежен тен.
    Совршено се матира, и така го елиминира непријатниот сјај на лицето. Има долготраен ефект. Навлажнувачката формула создава природен здрав изглед без ефект на маска.

  • 230.00 ден

    Овој универзален производ видливо го осветлува и лицето и телото, давајќи му сјаен изглед со часови. Тоа ви овозможува да го постигнете ефектот од нежен сјај до огледало-финиш, што го прави производот совршен за стробинг. Производот обезбедува кадифена завршница и оптички ја измазнува вашата кожа.

  • 514.00 ден

    Хипоалергичен интензивно навлажнувачки серум со хијалуронска киселина

    Иновативниот двофазен серум интензивно навлажнува благодарение на содржината на хијалуронска киселина и масло од семки од кајсија.
    Го враќа сјајот, еластичност и чувство на удобност на кожата.
    Благодарение на лесната формула, лесно и брзо се апсорбира без да се оптоварува кожата.
    Дури 99% од состојките од природно потекло. Веган. Композицијата е развиена во согласност со трендот „Чиста убавина“.
    Погодно за луѓе со чувствителна кожа склона на иритации. Тестирано под надзор на дерматолог.

  • 281.00 ден

    Совршен за стробување. Бисерните пигменти интензивно ја истакнуваат кожата, давајќи и уникатен изглед и правејќи ја вашата кожа апсолутно блескава. Производот прави кожата да изгледа свежаи опуштено. Производот гарантира долготрајна шминка што останува свежа со часови. Тестирано под надзор на дерматолог. Погоден за лица со чувствителна или склона кон иритација кожа

  • 574.00 ден

    BB крем со алое вера и хипоалергична формула. Обезбедува нега на кожата и го изедначува тенот, деликатно прикривајќи ги несовршеностите и знаците на замор. Збогатен е со сок од лист од алое вера, кој ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Има антиинфламаторни, подмладувачки, хидратантни и хранливи својства. ББ кремот има заштитен фактор SPF 15, кој ја штити кожата од штетните ефекти на УВ зраците, предизвикувајќи предвремено стареење и пигментни дамки. Кремастата текстура лесно се нанесува на кожата и се спојува со неа. Изгледот на кожата станува мек, еластичен, свеж и  природен. Формулата е веганска и содржи 83% состојки од природно потекло*. Дерматолошки е тестирана и не содржи микропластика. * Потеклото на состојките го гарантира производителот.
    Се предлага во 4 нијанси: 01 Cream,  02 Vanilla,  03 Natural и 04 Honey.

  • 534.00 ден

    Камена пудра на Bell од серијата “HypoAllergenic Aloe” ја фиксира шминката и ја матира кожата. Во исто време и обезбедува хидратантна нега. Хипоалергичната формула е збогатена со сок од лист од алое вера, кој има антивоспалителни, антибактериски, подмладувачки, хидратантни и хранливи својства. Ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Заштитниот фактор SPF 15 го штити од штетното влијание на УВ зраците, предизвикувајќи предвремено стареење и пигментни дамки. Компактната пудра лесно се нанесува на кожата и е погодна за употреба во движење. Формулата е веганска и содржи 86% состојки од природно потекло *. Дерматолошки е тестиран и не содржи микропластика.
    Се предлага во 4 нијанси: 01 Cream, 02 Vanill, 03 Natural и 04 Honey.

  • 324.00 ден

    Серумот од линија „Bell Hypoallergenic Aloe“ интензивно ѓи храни трепките и веѓите. Неговата формула е збогатена со сок од лист од алое вера, кој има навлажнувачки и хранливи својства. Ја зајакнува и видливо ја подобрува состојбата на трепките и веѓите. Во составот се додава и провитамин Б5, кој им го враќа природниот сјај и ги штити од разредување.

    Специјалната четка го олеснува нанесувањето на серумот на трепките и веѓите. Формулата содржи 81% состојки од природно потекло * и е дерматолошки и офталмолошки тестирана.
    Тој е вегански и не содржи микропластика. Погоден е и за луѓе со чувствителна или склона кон иритирана кожа.

  • 308.00 ден

    Течен коректор за очи со алое од серията “HypoAllergenic Aloe”
    Течниот коректор ги крие темните кругови под очите и овозможува свеж и опуштен изглед на лицето. Лесната хипоалергична формула е без масло и не се акумулира во линиите на сува кожа. Збогатен е со сок од лист од алое вера, кој има подмладувачки, навлажнувачки и хранливи својства. Ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Коректорот има заштитен фактор SPF 25, кој штити од штетното влијание на УВ зраците, предизвикувајќи предвремено стареење и пигментни дамки. Кремастата текстура лесно се нанесува на кожата.
    Формулата е веганска и содржи 80% состојки од природно потекло *. Дерматолошки и офталмолошки е тестиран и не содржи микропластика. Се предлага во 2 нијанси: 01 Light и 02 Peach.

  • 564.00 ден

    Иновативен производ прајмер-база, кој во својата формула вклучува квалитетни природни состојки како екстракт од семе од коноп и сок од листови од алое вера, интензивно ја навлажнува кожата, ја подобрува нејзината цврстина и го забавува процесот на стареење. Содржи и екстракт од морски алги богати со минерали, кој создава бариера на кожата и така ја штити од загадување и штетни надворешни фактори. Ефикасно ја продолжува издржливоста на шминката, давајќи чувство на удобност во тек на целиот ден. Вегански производ. Тестирано под надзор на дерматолог. Погодно за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација.

  • 685.00 ден

    Течна пудра кој обезбедува силно покритие и има импресивна издржливост. Лесната формула оптички ги измазнува малите брчки без да ги исуши. Погодна за сите типови на кожа.
    Богата со минерали на морска вода и екстракт од семе од тиква, кои имаат смирувачки ефект и ја прават идеална за секојдневно шминкање.
    Пре употреба протресете убаво и нанесете неколку капки на лицето. Нанесете нежно со прстите или со четка или тампон. Тенкиот слој обезбедува густа рамномерна покриеност.
    Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа, склона на иритација и воспаление.

  • 620.00 ден

    За свеж и опуштен изглед. Содржи скроб од тапиока (вид на житарка) кој обезбедува долготраен мат ефект. Оптички ја измазнува кожата, ги намалува порите и ги брише фините линии. Заситените пигменти собрани од маслото од јојоба имаат хидратантно дејство и овозможуваат лесна апликација. Кремастата формула совршено се прилагодува на кожата и создава прекрасен природен тен. Погодно за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.

  • 350.00 ден

    Хипоалергичен коректор со екстракт од алое, киноа и бел чај.

    • Чиста формула за убавина
    • мин. 90% природен состав
    • Активни состојки: екстракт од киноа, алое и бел чај
    • Добра покриеност, формула отпорна на пот,
    • Ѓи покрива недостатиците и црвенило на лицето, и темни кругови околу очите.
    • Лесна формула која лицето дури и не ја осеќа.

    Идеален како основа за сенки.
    100% Веган. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склони кон алергии. Дерматолошки тестиран производ.

  • 417.00 ден

    Хипоалергична смирувачка основа со екстракт од алое, киноа и бел чај

    • UNICEX производ (за мажи и жени)
    • Чиста формула за убавина
    • мин. 90% природен состав
    • Активни состојки: екстракт од киноа, алое и бел чај
    • Го смирува црвенило (дури и после бричење)
    • Го изедначува тенот на кожата.
    • Ја осветлува и видливо ја измазнува кожата

    100% Веган. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склони кон алергии. Дерматолошки тестиран производ.

  • 600.00 ден

    Just Free Skin е исклучително лесна и практично невидлива на лицето течна пудра. Во исто време ѓи сокрива недостатоците и го изедначува тенот.
    Хидрира, храни, обезбедува природен тен со здрав изглед. Хипоалергична течна пудра со алое, киноа и екстракт од бел чај

    • Чиста формула за убавина.
    • мин. 90% природен состав.
    • Активни состојки: екстракт од киноа, алое и бел чај.
    • Ја хидрира, храни и подмладува кожата.
    • Не се собира во набори, пори и брчки.
    • Го измазнува и осветлува тенот.

    100% Веган. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склони кон алергии. Дерматолошки тестиран производ.

  • 845.00 ден

    Иновативна разубавувачка и хидратантна течна пудра која има природен ефект на вашата кожа. Нејзината лесна формула не дозволува да бидат истакнати брчките или сувите точки. По потреба можете да ја прилагодите покриеноста. Неговата долготрајна формула е збогатена со SPF 15 кој го штити лицето од штетните ефекти на сончевата светлина. Вегански производ. Погоден за луѓе со чувствителна и/или кожа склона на иритација. Тестирано под надзор на дерматолог.
    Достапно во 4 нијанси.

  • 508.00 ден

    Базата се нанесува пред шминкање и нанесување на течна пудра. Значително ја продолжува издржливост и траењето на течната пудра и го олеснува нејзиното рамномерното нанесување.
    Хидрира и ги измазнува фините брчки. Има мат ефект и дава свиленкаст нежен и мек изглед на лицето.