Уста

Filters
Done
  • New
    454.00 ден

    Bell HYPOAllergenic течен сјај за волуменозни усни е комбинација од специјално избрани состојки. Рицинусовото масло измазнува и дава влажен сјај – усните изгледаат видливо пообемни. Исклучително пријатната желе-формула не создава несакан леплив ефект. Збогатен со масло од авокадо со долготраен навлажнувачки ефект и со витамин Е, кој омекнува и штити од слободните радикали. Палетата од 12 бои овозможува два различни ефекти – тие без честички создаваат интензивен влажен ефект, а оние со дополнителен сјај ги прават усните неодоливи.
    Бои: 01 CLEAR, 02 PRISM, 03 CHAMPAGNE, 04 PINK, 05 APRICOT, 06 CANDY, 07 CORAL, 08 ROSE, 09 BERRY, 10 MAUVE, 11 PRALINE и 12 HAZELNUT.
    Начин на употреба: нанесете го сјајот директно на усните со апликаторот.
    Професионален совет: нанесете го сјајот малку надвор од контурите на природната контура на усните – на овој начин тие ќе изгледаат пообемно. Доколку сакате волумен и тродимензионален ефект, нанесете го сјајот така што ќе излезете малку надвор од контурата на усните само во нивниот централен дел. Сјајот можете да го ставите и врз омилениот кармин за да постигнете оригинална комбинација на бои.

  • New
    390.00 ден

    Маската за усни од серијата Vegan Collagen интензивно ги регенерира усните. Ги храни испуканите усни и оптички ги измазнува. Ја намалува видливоста на фините линии и сувоста на усните. Хипоалергичниот состав е збогатен со вегански колаген, кој одлично ја хидрира сувата кожа на усните. Шеа путерот ги храни усните, а маслото од семки од кајсија и рицинусовото масло додаваат сјај. Витаминот Е има антиоксидантни својства. Нежно розовата нијанса им дава на усните свеж изглед, а мирисот на лубеница ја претвора оваа маска за усни во пријатен ритуал за секоја вечер.

    Маската за усни е погодна за вегани со состав развиен во согласност со трендот Clean Beauty. PETA сертифициран. Содржи до 80% состојки од природно потекло. Тестирано под надзор на дерматолог.

  • New
    410.00 ден

    Сјајот за усни Plumber има уникатна формула што ја рефлектира светлината, со златни и сјајни честички кои обезбедуваат оптичко зголемување на усните и моментален сјај.
    Неговата полупроѕирна боја совршено го истакнува вашиот природен тен, а кога се нанесува како врвен слој над омилениот кармин, му дава уникатен тродимензионален сјај.
    Ментолот содржан во неговата формула остава меко пецкање и пријатен освежувачки ефект.
    Сензуалната арома на ананас го прави нанесувањето на сјајот уште попријатно.
    Формулата е богата со состојки кои ги негуваат усните, содржи екстракти од овошје од лубеница и гуава, кои имаат антиоксидантни својства и ја штитат кожата од штетните надворешни фактори.
    Маслото од јојоба содржано во составот ја намалува загубата на вода низ епидермисот, ги омекнува и храни усните, додека сончогледовото масло им дава мекост и флексибилност.
    Удобниот апликатор го олеснува рамномерното нанесување на сјајот.

    Веган.
    Без тестирање на животни
    PETA сертифициран.
    Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона на иритација.
    Дерматолошки тестирано.

  • 374.00 ден

    Иновативен проѕирен сјај – производ за усни, очи и лице. Го создава модерниот ефект „стаклена кожа“ – т.е. беспрекорна, оптички мазна и сјајна кожа како стаклен лист. Нежната, пријатна текстура не се лепи и лесно се нанесува. Мултифункционален производ кој создава природна свежа завршница со влажен ефект – можете да го нанесете директно на гола кожа или после шминкање. Навлажнувачката веганска формула содржи корисно масло од семки од кајсија кое ја омекнува и ја храни кожата. Во комбинација со витамин Е има антиоксидативно и заштитно дејство. Совршено е за фотосесија. Производот е достипен во 1 боја: CLEAR.

    Веган. ПЕТА.

    Погоден за чувствителна и иритирана кожа, како и за луѓе со чувствителни очи и контактни леќи. Дерматолошки и офталмолошки тестиран.

  • 350.00 ден

    Со егзотична арома на ананас и со ментол, кој дава нежно чувство на истегнување и има пријатен ефект на ладење. Проѕирната боја нежно ги истакнува усните, прекрасните блескави честички создаваат тродимензионален сјај како одраз на водена површина. Маслото од јојоба го штити епидермисот од губење на вода, ги омекнува и ги храни усните. Сончогледовото масло ги измазнува и ја подобрува нивната еластичност. Веганската формула е збогатена и со екстракт од лубеница и гуава, кои имаат антиоксидативно дејство и ја штитат кожата од штетните влијанија на околината. Удобниот апликатор обезбедува лесно и рамномерно нанесување на серумот. Производот е достикен во 1 боја HOLO GLOW.
    Веган. ПЕТА.
    Погоден за чувствителна и иритирана кожа. Дерматолошки тестирано.

  • 480.00 ден

    Регенерирачка желе-маска за усни, заштитува, регенерира и ги истакнува усните.

    Веганската маска има конзистентност налик на желе и создава прекрасно чувство на хидратација. Природно ја истакнува бојата на усните давајќи им поздрав изглед, а мирисот на лубеницата ги гали сетилата. Богатата регенерирачка формула со масло од рицинус, авокадо, кокос и јојоба го штити епидермисот од губење на влага, ги омекнува и храни усните. Витаминот Е и екстракт од лубеница имаат антиоксидативно дејство, ја зајакнуваат природната заштитна бариера на кожата и ја штитат од штетни надворешни влијанија. 100% веган. Во согласност со концептот CLEAN BEAUTY. PETA сертифициран. 90% од состојките се од природно потекло. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестиран производ.

    Начин на употреба: Нанесете ја маската на усните со помош на апликаторот.

  • 284.00 ден

    Сенки за очи во 10 уникатни нијанси, 7 мат и 3 бисерни нијанси. Веганска, кадифена формула која совршено се вклопува и обезбедува долготраен ефект на шминката. Сенките траат во текот на денот, не се ронат и не бледеат. Уникатните нијанси совршено ја надополнуваат дневната или вечерната шминка. Производот е достапен во 7 мат верзии и 3 бисерни нијанси. Производот е PETA сертифициран.
    Совет за користење:
    Мат сенките нанесете ги со мека четка, додека бисерни сенки со рамна поцврста четка или со прст.

  • 260.00 ден

    Навлажнувачки, вегански сјај за усни со интензивно завршница и пријатен мирис. Формулата содржи бисерни пигменти кои создаваат уникатна, повеќе димензионална површина на усните, а безбојнити елементи дава прекрасен винилен ефект. Кадифената и кремаста текстура која остава чувство на максимална удобност и оптичка измазнетост. Практичниот апликатор овозможува лесна и рамномерна примена. Производот е достапен во 10 бои кои се совршени за дневна и вечерна шминка. PETA сертифициран производ.

  • 398.00 ден

    Течен мат кармин со долготрајната формула со лесно чувство, има матирачки ефект и густо покривање на усните. Содржаните иновативни состојки кои овозможуваат лесна примена.
    Совет: нанесете кармин од средината на усните до рабовите за да им дадете совршена форма и убава боја. Вегански производ. Дерматолошки тестиран производ.
    Достапно во шест нијанси: 01 DAISY, 02 ORCHID, 03 DAHLA, 04 HIBISCUS, 05 ROSE, 06 IRIS. Погодно за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление.

  • 398.00 ден

    Хидратантен долготраен кармин со кадифена мека и нежна формула која обезбедува заситен сјај со блескав ефект. Екстремно лесната конзистентност овозможува затегнато и рамномерно нанесување како да се топи. Хидратантно дејство. Дебела, заситена, еднослојна обвивка. Дерматолошки тестиран. Погоден за чувствителна кожа. Достапно во 6 нијанси: Soft Cream, Moca Beige, Rose Wood, Fresh Coral, Raspberry, Mauve Pink.

  • 377.00 ден

    Сјај за усни во нежни Nude нијанси. Дава сјај и волумен. Омекнува и храни. Овозможува пријатно чувство на меки усни. Со специјален апликатор за прецизна и лесна примена. Погоден за чувствителни и иритирани усни. Дерматолошки тестиран производ.

  • 550.00 ден

    Долготраен ефект, крем-формула и интензивно покривање – сето тоа ќе го најдете во новиот кармин HYPOALLERGENIC Rich Creamy.
    Хидратантното дејство и сатенскиот финиш создаваат феноменален изглед со долготраен ефект. Дерматолошки тестиран производ.
    Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление.

  • 550.00 ден

    Ќе се вљубите во богатата формула на новиот кармин Hypoallergenic Rich Mat. Уживајте во богата боја со долготраен ефект! Се нанесува рамномерно со леснотија, создавајќи прекрасен мат ефект со нежен слој.
    Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.

  • 316.00 ден

    Колекција на мат течни кармини дизајнирани во соработка со амбасадорката и заштитното лице на Bell HYPOAllergenic Marcelina Zawadzka (поранешна мис на Полска), која инспирирана од светските метрополи создаде сопствена линија на мат кармини од Bell HYPOAllergenic. Кармините се интензивно пигментирани со мат ефект, обезбедуваат долготрајно покритие без да ги суши усните, сето тоа во модерни бои кои ја истакнуваат природната убавина на усните. Колекцијата има 6 нијанси: 01 – Florence, 02 – Warsaw, 03 – Las Vegas, 04 – San Francisco, 05 – Berlin, 06 – Sydney.

  • 359.00 ден

    Bell HYPOAllergenic навлажнувачко и регенерирачко еликсир масло за усни со масло од коноп.

    Во оставот содржи масло од семе од коноп, јатки од кајсија и арганово масло кои хидрираат, ги храни, омекнува и измазнува усните. Има хидратантно и регенерирачко дејство.
    Лесната текстура не се држи до усните и создава пријатно чувство. Специјалниот апликатор со тркалање ги масира и омекнува усните.

    100% Веган. Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна и склона кон иритација на кожата.

  • 197.00 ден

    Кремаст сјај за усни со влажен ефект.
    Со една апликација добивате нежни усни со влажен ефект и заситената боја која визуелно ги зголемува и измазнува усните. Пријатната формула на Shiny’s up сјајот не се лепи и не се собира на аглите на усните. Содржи навлажнувачки шеа путер кој има пријатна арома на овошен јогурт. Достапен во шест бои.